Повикот за ЕКСПЕРТ ЗА АНАЛИЗА

ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ЕКСПЕРТ

 

Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари, Во рамки  на проектот HER VOICE – ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ЖЕНСКИОТ ГЛАС“ поддржан од Национална Мрежа против насилство врз жените и семејното насилство со финансиска поддршка од Kvinna till Kvinna Foundation има јавен повик за ангажирање на експерт за изработка на Анализа за Соодветна заштита, помош и поддршка на жртвите на родово – базирано и семејно насилство во општина Шуто Оризари.

Ангажираното лице ги има следните обврски и одговорности:

  1. Изработка на методологија за куса публикација и прибирање на информации;
  2. Водич за дискусија во фокус групи со жртви на семејно насилство;
  3. Структуиран прашалник за здруженија на граѓани-даватели на услуги за жртви на семејно насилство, како советувалишта и шелтер центри за предизвиците со финансикса одржливост;
  4. Блиска соработка и координација за сите активности со координаторот на проектот, социјалниот работник и релевантниот персонал на центарот;
  5. Присуствува во оддржува две фокус групи со жени од заедница;
  6. Изготвува Анализа за Соодветна заштитаа, помош и поддршка на жртвите на родово – базирано и семејно насилство во општина

Заинтересираните кандидат(ќ)и треба да достават:

Кратка биографија и

мотивационо писмо

по електронски пат на меил адреса: [email protected] со назнака АПЛИКАЦИЈА ЗА ЕКСПЕРТ.

Вашите апликации може да ни ги испратите најдоцна до 30.03.2024 година.

Селектираните кандидати/ќи кои ги исполнуваат условите ќе бидат контактирани на интервју.

Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари гарантира дека сите пријавени кандидат(ќ)и ќе имаат исти услови при изборот без оглед на етничката припадност, возраста, полот, родот, родовиот идентитет, сексуалната ориентација, брачниот или партнерскиот статус, бременоста или родителскиот статус, социјалниот или здравствениот статус, расата, попреченост или која било друга основа.

 

 

Scroll to Top