Конкурс за ангажирање на проектен асистент

Во рамки на проектот „Социјално претприемништво за млади Ромки (ROMANSE) – Поддршка од ЕУ за граѓанското општество и медиумските организации во Р. Северна Македонија целта на овој проект е да го зголеми бројот на социјално претприемништво (самовработување или создавање свој бизнис) меѓу младите Ромки во локалните заедници.

Работни обврски на проектен асистент:

  • Планирање и спроведување проектни активности во координација со проектен координатор;
  • Oрганизира и учествува на обуки и состаноци кои произлегуваат;
  • Подготовка на повици, договори и други документи поврзани со проектните активности;
  • Координација на настаните што се организираат во канцеларијата и обезбедување логистичка поддршка за настаните што се организираат надвор од Скопје;
  • Комуникација со проектни партнери, соработници и учесници во проектот;
  • Подготовка на извештаи за организираните активности и својата работа;
  • Организација, имплементација и поддршка на останати активности на Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари;

Конкурсот е започнат од 25 март и трае 5 работни дена , испратете го вашето CV на следниот меил: [email protected]

Заинтересираните кандидат(ќ)и треба да достават:

👉Биографија на македонски јазик,

👉Писмо за мотивација на македонски јазик,

👉Потврда за завршено високо образование.

↪️ Кандидат(ќ)ите кои најдобро одговараат на горенаведените критериуми ќе бидат повикани на интервју по завршувањето на огласот.

Документите со назнака/предмет на пораката Оглас за вработување на социјален работник, треба да ги доставите на електронска адреса: [email protected]

Предност ќе имаат кандидатите/ќите кои поседуваат лиценца за даватали на услуги.

Селектираните кандидати/ќи кои ги исполнуваат условите ќе бидат контактирани на интервју.

➡️Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари гарантира дека сите пријавени кандидат(ќ)и ќе имаат исти услови при изборот без оглед на етничката припадност, возраста, полот, родот, родовиот идентитет, сексуалната ориентација, брачниот или партнерскиот статус, бременоста или родителскиот статус, социјалниот или здравствениот статус, расата, попреченост или која било друга основа.

Scroll to Top