За Нас

Кои сме ние ? Што работиме?

Здружение Иницијатива за правата на жени од Шуто Оризари делува во повеќе области и тоа: социјални права, здравствени права, дискриминација, сексуално-репродуктивни права, семејно и родово базирано насилство, повратници од странство. Ние како невладина организација која делува во Шуто Оризари и во други општини каде живее ромско население имаме голема улога бидејќи населението не препознава како женска организација која помага во остварување на правата на Ромките. Исто така нашата организација е позната по придружбите до надлежните органи со цел остварување на некое право на Ромите, по теренските активности во Шуто Оризари и во други општини каде живее ромско население и по помагање во делот на пополнување на документи и обрасци за остварување на правата.

Салија Беќир Халим

Извршна директорка на Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари

Таа е долгогодишна активистка за човековите права, особено во делот на правата на малцинствата. Таа се бори рамо до рамо со останатите феминистки од нашата држава се со цел Ромките да ги уживаат истите права како и останатите жени.
Од 2013 е член на ХЕРА  и е основач на нашето Здружение. Основач е на неформалната Група за еднакви можности при вработување на жената Ромка која е под рамки на ХЕРА, а од 2019-2022 е тим лидер за Шуто Оризари од граѓанското движење на АВАЈА. Добитничка е на бројни награди за унапредување на положбата на жената Ромка, но најпрестижната е таа на EY Award for Roma integration во 2019 година.
 

Алмира Фасљии Муарем

Финансиски асистент на Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари

Алмира е дипломирана новинарка при Универзитетот „СВ. Кирил и Методиј“-Скопје. Своето искуство и кариера, Алмира го стекнува волонтирајќи и работејќи во МРТВ 2 во редакцијата за ромски јазик, весникот Слободен печат и електронскиот весник Рома Индекс. Исто така Алмира беше и е активно вклучена во повеќе невладини организации како на пример: Сонце-Тетово, Ромаверзитас-Скопје, РРОМА-Кратово, ХЕРА, НМСМ, Лулуди, Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари. Таа исто така веќе три години работи како образовен медијатор од страна на Министерство за образование и наука. Алмира веќе две години е дел од Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари прво како параправник, а од основањето на Здружението како финансиски асистент. Во Здружение за правата на жените од Шуто Оризари Алмира ја води фејсбук страната на самото Здружение, раководи со финансиите и се бори жените Ромки да ги уживаат истите права како и останатите жени.
 

Азиза Сали

Програмски координатор на Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари

Азиза е родена во Скопје и таа е моментално на дипломски студии по медицински факултет – физио терапевт. Таа е еден од основачите на Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари и е ангажирана како Програмски координатор. Своето прво работно искуство Азиза го стекна работејќи во Младинскиот Центар „Сакам да знам“ – Шуто Оризари, ХЕРА како параправник и теренски работник. Потоа таа се стекна со сертификат за тестирање при ХИВ во 2019 година. Исто така, Азиза веќе две години е ангажирана како образовен асистент во невладината организација „Дендо Вас“-Скопје. Од осамостојувањето на Иницијативата од 2021 година таа е на позиција програмска координаторка. Како проектна координаторка Азиза работи на темата сексуално и репродуктивно здравје на жената Ромка, во областа на социјалните и здравствените права и дискриминацијата. Дополнително вклучена е во областите за унапредување на здравјето и сексуално-репродуктивните права на Ромките, со посебен акцент на жените и девојките. Се залага за зајакнување на жените и активно учестува во борба против семејно насилство во Македонија.

 

Сенада Јашар

Теренски работник и проектен координатор на Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари

Сенада е родена во Скопје и има завршено средно стручно економски техничар. Таа е една од основачите на Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари. На почетокот таа била стипендистка од страна на Ромаверзитас како и волонтер во многубројни активности. Таа во ХЕРА и во Иницијативата за правата на жените од Шуто Оризари е вклучена од 2018 година како параправник и теренски монитор. Од осамостојување на Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари, Сенада работи како проектен координатор и како теренски работник. Сенада е посветена на застапување и унапредување на положбата на ромките.

 

Наташа Осман

Параправник и Проектен асистент асистент на Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари

Наташа има завршено средно стручно образование. Во невладиниот сектор се придружува во 2019 година во тимот на Ромаверзитас како волонтер, а додека пак во Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари во 2021 година како параправник. Таа делуваше во нудењето на бесплатна параправна помош во областите на: здравствени права, социјални права и сексулани репродуктивни права. Во 2022 година ја добива позицијата на проектен асистент на проектот „Унапредување на здравствените и социјалните права кај ромите/ките и овозможување на еднков пристап до здравствени и социјални услуги“, поддржан од Фондација Отворено Општество Македонија. Нејзините интереси вклучуваат унапредување и користење на правата на маргинализираните групи, со акцент на ромската заедница, при што сака да даде свој придонес во градењето на општество каде што ќе се почитуваат човековите права и ќе има еднакви можности за сите. Се залага за еднаквост, солидарност и рамноправност меѓу сите луѓе без поделби на каква било основа, како и за поддршка на маргинализираните групи во општеството.

Севдије Салим

Параправник и Проектен асистент на Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари

Севдије се придружува во тимот на Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари во март 2022 година како проектен асистент на проектот „Унапредување на здравствените и социјалните права кај ромите/ките и овозможување на еднков пристап до здравствени и социјални услуги“, поддржан од Фондација Отворено Општество Македонија. Има завршено средно стручно образование. Преку волонтерски ангажман започнува лично и професионално да се развива во граѓанскиот сектор. Во 2020 година започнува да ја гради својата кариера преку нудење на бесплатна параправна помош во обласите на сексулани и репродуктивни права, здравствени и социјални права во невладината организација Асоцијација на здравствена едукација и истражување. Нејзините интереси вклучуваат унапредување и користење на правата на маргинализираните групи, со акцент на ромската заедница, при што сака да даде свој придонес во градењето на општество каде што ќе се почитуваат човековите права и ќе има еднакви можности за сите.

Џеврије Фасљии

Параправник и Проектен асистент асистент на Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари

Џеврије е апсолвентка по македонски јазик и книжевност –наставно при Тетовскиот Универзитет на департманот по Филолошки факултет. Уште на почетокот на нејзните студии, таа беше ангажирана како тутор на деца Роми од прво и второ одделение во основното училиште „Гоце Делчев“-Тетово од страна на невладината организација „Сонце“. Потоа таа се ангажира како образен асистент од страна на невладината организација „Дендо Вас“ за општина Тетово. Своето искуство, Џеврије го надоградува со волонтирање и ангажмани во различни други невладини организации и посетувајќи обуки, семинари и тренинзи. Таа во Здружение Иницијатива за правата на жените е вклучена како параправничка и работи во делот здравствени права, социјални права, сексуални и репродуктивни права и дискриминација.

Предизвик ми се случаевите за незаконската наплата од страна на матичните гинеколози. Иако според Програмата за активна здравствена заштита на мајки и деца, прегледите им следуваат бесплатно, а гинеколозите постојано наплаќаат без издавање на фискална сметка. Најчесто им помагам на жените да не им се наплаќа со тоа што ги придружувам до гинеколошките ординации и услугите предвидени за нив да ги добиваат бесплатно.

Ибрима Салиева

Теренски монитор

Јас сум Ибрима Салиева родена во Скопје, имам 23 години.  Завршено средно медицинско образование. Јас се вклучив како мониторка пред точно 2 години, токму поради можноста да бидам дел од Иницијатива на жени во Шуто Оризари. Со тоа ја имам можноста да ја покажам мојата хуманост за ромското население, да им укажам помош на луѓето од ранливи категории со посебен осврт кон бремените жени и жените во репродуктивен период. На терен ги информираме кои права ги имаат како жена, дека не треба плаќаат кај матичниот гинеколог, исто така кои прегледи треба да ги направат во текот на бременоста и дека треба да имаат посета од страна на патронажна сестра, 2 пати во текот на бременоста, 2 пати по породувањето.

Доколку не можат да си го овозможат тоа, ги препраќаме да се обратат во канцеларијата на Иницијативата. Информирањето е голем предизвик за мене, бидејќи на терен се соочуваме со најразлични ситуации на прекршени репродуктивни права .

Јас посакувам секоја жена да има право на здрава бременост. Со тоа што на терен укажуваме било каков вид на помош, всушност во тоа ги гледам активностите и застапувањето на Иницијативата на жени во Шуто Оризари.

Иницијативата за правата на жените на Шуто Оризари

Цел

Целта на Иницијативата за правата на жените на Шуто Оризари – Скопје е да секоја млада девојка и жена Ромка ги остварува слободно и еднакво своите социјални, економски и здравствени права, на еднаква основа со другите жени, без дискриминација. Здружението ќе ја остварува целта преку застапување, омоќнување и едуцирање млади девојки и жени Ромки за да ги остваварат социјални, економски и здравствени права, без дискриминација, а истовремено преку обезбедување и нудење информации, социјални услуги и правна помош кон остварување на нејзините права.

Информирани за Сексуално Репродуктивно Здравје

895+

Информирани за Сексуално Репродуктивно Здравје

Случаи за Социјални Семејни Права

174+

Случаи за Социјални Семејни Права

Случаи за Дискриминација и Придружби

16+31

Случаи за Дискриминација и Придружби

Случаи за Незаконска Наплата Прекршоци

112+

Случаи за Незаконска Наплата Прекршоци

наши донатори

Подржувачи

За Нас

Здружение Иницијатива за правата на жени од Шуто Оризари делува во повеќе области и тоа: социјални права, здравствени права, дискриминација, сексуално-репродуктивни права, семејно и родово базирано насилство, повратници од странство.

Правото на здравје (видео)

Контакт

info@zenisutoorizari.org.mk

info@zenisutoorizari.org.mk

+389 70 308 743

+389 70 308 743

Ул. Хаџи Јован Шишков бр.50

Ул. Хаџи Јован Шишков бр.50

Иницијативата на жени од Шуто Оризари © Сите права се задржани 2022