Малолетничка бременост здружението „Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари“ често пати организира едукации, работилници и форум театар за малолетнички бракови и бремености, а од здружението велат дека тоа дава позитивни резултати и случаите се намалуваат.
„Сексуалното и репродуктивното здравје на Ромките од Шуто Оризари е постојано под ризик последните 10 години, особено поради тоа што Ромките од Шуто Оризари низ годините се соочуваат со низа предизвици, проблеми, тешкотии и немаат еднаков пристап до здравствени услуги, особено поради немање матичен гинеколог во Шуто Оризари во неколку наврати. Во моментот во оваа општина има еден матичен гинеколог.“, вели Азиза Сали од Здружението.
Погледнете го излагањето на Азиза од нашето Здружение на настанот по повод меѓународниот ден на жената, на тема ” Ромската жена во 21ви век – можности, придонеси и предизвици” пред РРОМА со коалицијата на ромски граѓански организации Кхетане.
Азизе се охрабри да ја открие својата невидлива моќ, колку е тежок патот за една жена Ромка да ја оствари оваа моќ и го сподели своите мисли водилки за да им послужат како инспирација на сите жени кои се борат за остварување на својот сон.
Повеќе на следнит линк



