ЈАВЕН ОГЛАС-За ангажирање на надворешен соработник

ЈАВЕН ОГЛАС
За ангажирање на надворешен соработник
Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари објавува јавен оглас за
прибирање на понуди од правни лица (студио за снимање, маркетинг агенции и други
компании кои нудат услуги за аудио-визуелна продукција) за реализација на видео
емисија во рамките на проектот „Превенција и заштита од родово-базирано насилство во
Северна Македонија“ финансиски поддржан од донација на Фонд за население на
Обединетите нации УНФПА-Македонија.

Предмет на набавката
Давателите на услуги се обврзуваат да ги обезбедат следните услуги:
1. Продукција на видео
Снимање на еден (1) видео емисија за проектот УНФПА
Времетраење на емисијата приближно 20 минути
Обезбедување професионална опрема за снимање (камери, осветлување и микрофони)
Монтажа и постпродукција на емисијата
 Кратки видеа за социјални мрежи
 (две) reels/highlight видеа од емисијата
 Титлувани на македонски и англиски превод
Карактеристики на подкастот
 Локацијата на снимањето ќе биде договорена дополнително со избраниот
понудувач;
 Терминот за снимање ќе биде утврден во договор со нарачателот.
Критериуми за избор
Предност ќе имаат понудувачи кои:
 Имаат искуство во снимање на подкасти, интервјуа или слични видео продукции;
 Пожелно е продукцијата да не е ДДВ обврзник;
 Нудат најповолна финансиска понуда во однос на квалитетот на услугата.
Потребни документи
Заинтересираните компании треба да достават:
 Финансиска понуда;
 Краток профил на компанијата;
 Портфолио или линкови до претходно реализирани проекти;
 Контакт лице и контакт информации.

Начин и рок на пријавување
Понудите треба да се достават по електронски пат на email: inicijativanazeni.sutoorizari@gmail.com , најдоцна до 31.08.2026 година.
За дополнителни информации заинтересираните можат да се обратат на телефон
070385831 или на наведената e-mail адреса.

Scroll to Top