ЈАВЕН ОГЛАС
За ангажирање на експерт за изработка на инфографици
Здружението Иницијатива на жените од Шуто Оризари објавува јавен оглас за
ангажирање експерт за изработка на инфографици во рамките на
проектот „Превенција и заштита од родово-базирано насилство во Северна Македонија“
финансиски поддржан од донација на Фонд за население на Обединетите нации
УНФПА-Македонија.
Главни работни задачи и обврски:
Изработка на содржина за две флаери
Изработка на концепт за медиумско гостување
Подготовка на план за изработка на кампањи во рамки на проектните активности
Подготвува и следи временска рамка на прокетните активности
Подготвува и едитира објави за социјалн медиуми
Времетраење на ангажманот
Експертот ќе биде ангажиран во времетраење од 60 работни часа, односно 8 часа дневно
работни дена.
Потребни квалификации и вештини
Од кандидатите се очекува:
Искуство во графички дизајн и/или изработка на инфографици;
Познавање на алатки и програми за графички дизајн;
Креативност и способност за визуелно претставување на информации;
Одговорност, почитување на рокови и добра комуникација со тимот на
здружението;
Предност ќе имаат кандидати со претходно искуство во работа со невладини
организации или проекти од општествено значење.
Начин и рок на пријавување
Сите заинтересирани кандидати треба да достават CV (биографија) по електронски пат
на e-mail: inicijativanazeni.sutoorizari@gmail.com , најдоцна до 31.08.2026 година.
За дополнителни информации заинтересираните можат да се обратат на телефон
070385831 или на наведената e-mail адреса.



