Повик за доставување понуди за изработка на веб страна

Здружение иницијатива за правта на жените од Шуто Оризари во рамки на проектот „Социјално претприемништво за млади жени Ромки (ROMANSE) “– Поддршка од ЕУ за граѓанското општество и медиумските организации во Р. Северна Македонија објавува повик за доставување понуди за изработка на веб страна.

За проектот:

Целта на овој проект е да го зголеми бројот на социјално претприемништво (самовработување или создавање свој бизнис) меѓу младите Ромки во локалните заедници.

Работни обврски на веб-развивач:

1.Дизајнерска соработка
2.Тестирање на веб-апликации
3.Обезбедување безбедност на веб-страницата и оптимизација на перформансите
4.Одржување, поддршка и ажурирање на веб-страниците
5.Тестирање и дебагирање
6.Решавање проблеми со веб-локацијата
7.Веб-програмерите дизајнираат и градат веб-страници
8.Пишување ефикасен код
9.Кодирање

  1. Развивање хостинг
  2. Креирање е-платфрорма
  3. Потребно е креирање на социјални мрежи и икони на јутуб канал, инстрграм, фејсбук страна и да бидат поврзани со веб страната.

Огласот е отворен од 01.04.2024  до 12.04.2024 година,  вашите понуди може да ги доставите на следниот меил:

[email protected]

На повикот имаат право да се пријават сите заинтересирани правни лица, сите понудувачи кои доставиле понуди кои ги исполнуваат условите ќе бидат разгледени од страна на евалуционата комисија и соодветно известени.

 

➡️Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари гарантира дека сите пријавени кандидат(ќ)и ќе имаат исти услови при изборот без оглед на етничката припадност, возраста, полот, родот, родовиот идентитет, сексуалната ориентација, брачниот или партнерскиот статус, бременоста или родителскиот статус, социјалниот или здравствениот статус, расата, попреченост или која било друга основа.

Scroll to Top