Во рамки на проектот „Социјално претприемништво за млади жени Ромки (ROMANSE)“ оддржавме фокус групи со жени и девојки Ромки од заедницата

Во рамки на проектот „Социјално претприемништво за млади жени Ромки (ROMANSE)“ оддржавме фокус групи со жени и девојки Ромки од заедницата, со цел да се идентификуваат проблемите при вработувањето на жените Ромки, нивното разбирање на концептот на социјално претприемништво, како и модели за нивно активирање на пазарот на трудот во Северна Македонија. Особено беше важно да се види интересот за социјално претприемништво кај жените Ромки од заедницата.
Фокус групите се дел од истражувањето што се спроведува во рамките на проектот се со цел утврдување на фактичката состојба со социјалното претприемништво кај ромската заедница со фокус кај жената Ромка, како и утврдување на потребите од зајакнување на капацитетите за социјално претприемништво кај засегнатите страни.
Проектот е поддржан од Европската Унија и е имплементиран од Ромски Ресурен Центар – РРЦ Скопје во партнерство со Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари, Симплексис од Грција и DIESIS Network од Брисел.
Продолжуваме понатаму! Следете не редовно за следни информации!
#Ромски Ресурен Центар – РРЦ
  
Scroll to Top