Мелек ја најдов пред влезот на Амбулантата Шуто Оризари. Ми кажа дека има упат за ќерка и која има  две години но не знае за каде и како да стигне бидејќи нема пари.

Мелек е мајка на шест деца и сопруга, нејзиниот сопруг е државјанин на Р. Косово со престој во нашата држава и нема можност сеуште да се вработи.

Заедно со Мелек веднаш се упативме на Клиника за Радиологија каде што веќе имала закажан преглед за ренген на колковите бидејќи постоеше некаков сомнеж за малформација на колковите.  Детето го доби потребниот преглед и резулатати истиот ден. Заедно  ги земавме  резултатите од прегледот на детето, и објаснивме на Мелек што треба да направи понатаму со детето. За среќа матичната  докторка ни соопшти дека детето е во ред согласно ренгенските снимки. Таа доби уште еден упат за „Детска Клиника“ каде отиде сама и веќе знаеше да се снајде сама. Покрај ова ја информиравме за стекнување на право од социјална и детска заштита со што дополнително ќе и помогнеме.

Здружението Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари на овој начин ги едуцира и им помага на граѓаните во делот на пристапот за потребата на здравствената заштита. Со нашата помош граѓаните се едуцираат и ги уживаат нивните права.