Елведин Дубовиќ има четири години. Во јуни месец играјќи си со братчето се повреди на окото. Поради загриженост, неговите родители итно го однесоа во болница, каде што била направена интервенеција и докторот констатирал дека има потреба од итен оперативен зафат на окото.
Според тврдењата на мајката на Елведин оперативниот зафат во ЈЗУ УК за Очни болести, не подлежи под гаранција. Токму поради оваа причина приватната Очна Клиника во Скопје Еуропеан Еје Хоспитал се нафати да го изврши оперативниот зафат во износ од 120,000.00 денари.
Мајката на Елведин не замоли да го споделиме нејзиниот случај со цел да се собере потребниот износ за да може Елведин повторно чисто да прогледа и да си игра безгрижно.

*Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари не учествува на хуманитарни акции, но согласно потребите од заедницата се вклучува со активно институционално застапување.
По споделување на приказната на Елведин, лично не контактирал директорот на Очната Клиника, г-динот Bekim Tateshi . По консултација со него, родителите на Елведин и нашите колешки се упатија во Државна Болница каде што му беше направен уште еден преглед на Елведин. Самиот директор се нафатил лично да му направи операција бесплатно! Сега следува да се направат дополнителни анализи за пред оперативен зафат.

Му посакуваме на Елведин што е можно побрзо оздравување и безгрижно детство!



