Салија го промовираше ново отворениот центар за помош о поддршка на жени жртви на семејно и родово базирано насилство ISI ARKA – ИМА ПОМОШ, кој е
единствен центар во општина Шуто Оризари и единствен кој ги нуди услугите на ромски јазик.

Во центарот може да се искористат бесплатни психо – социјални и правни услуги за жртви на семејно и родово базирано насилство.
Исто така Салија истакна во кои области делува Здружението во делот на Социјална заштита, здравствена заштита, репродуктивно здравје и
дискриминација.

Фатмир Сабриу, државен секретар во Министерство за Социјална политика, демографија и млади – истакна дека ги подржува и охрабрува сите кои што сакат
да основат Здруженија за спречување на семејно и родово базирано насислтво, трговија со луѓе, згрижување на семејства, деца без родители, деца на улица, кои целосно ќе ги подржува се со цел граѓаните да добијат навремена заштита и превенција.

Погледнето ја целосната емисија на следните линкови:
https://youtu.be/v9dbNHRD7tA?si=K8flLDt3uEgBho4Z