ЈАВЕН ПОВИК БР.03/2025 За искажување на интерес за учество во програма за зајакнување на капацитетите на млади жени Ромки за Социјално претроиемништво

Здружението за поддршка на маргинализирани групи „Ромски Ресурсен Центар“ – Скопје за потребите на проектот “Социјално претприемништво за млади жени Ромки (РОМАНСЕ)“, објавува:

ЈАВЕН ПОВИК БР.03/2025
За искажување на интерес за учество во програма за зајакнување на капацитетите на млади жени Ромки за Социјално претроиемништво.

Позадина на проектот

Проектот е дизајниран да се потикне зајакнувањето и интеграцијата на младите Ромки на пазарот на труд преку промовирање на социјалното претприемништво како и да се зајакнат капацитетите на невработени млади Ромки со цел да го променат нивниот живот.

Главна цел на проектот е придонес кон поттикнување и зголемување на социјалното претприемништво (самовработување и создавање на работни места) помеѓу младите жени Ромки во локалните заедници.
Меѓудругото, проектот има за цел да ги зајакне капацитетите на ромските и младинските здруженија на граѓани за да иницираат модели за социјално претприемништво за млади Ромки. Од друга страна проектот ќе придонесе до зајакнување и зголемување на соработката помеѓу НВОи, локални и регионални јавни институции, како и постоечки социјални претпријатија кои ќе послужат како модели за интегрирање на младите жени. Ромки на пазарот на труд преку социјално претприемништво.

Проектот со имплементација започна на 01.04.2024 година и ќе се спроведува до
31.03.2027 година.

Проектот го спроведува конзорциум предводен од Ромскиот Ресурсен Центар од Скопје во партнерство со Иницијативата на жени од Шуто Оризари, Симплексис од Грција и DIESIS Network од Брисел.

Проектот финансиски е поддржан од Европската Унија во рамките на програмата ЕУ поддршка на граѓанскиот сектор и медиумите во Република Северна Македонија, ИПА 3, програма за 2022-2023 година.

Опис на програмата за јакнење на капацитетите на младите жени Ромки за Социјално претприемништво Младите жени Ромки ќе имаат можност да учествуваат во сеопфатна програма за зајакнување на нивните капацитети за нивно вклучување во социјално претприемништво како и водење на сопствено социјално претпријатие со цел нивно економско зајакнување.
Младите жени Ромки кои ќе се пријават на овој повик ќе имаат можност да поминат 25 часовна програма (5 дена) за јакнење на капацитетите за концептот на Социјалното претприемништво како модел за зајакнување на економската состојба на ранливите категории на граѓани особено жените Ромки.
Тренинг програмата ќе биде насочена за зајакнување на капацитетите на најмалку 120 млади жени Ромки во 10 локации во државата.

Концептот на тренинг програмата е базирана на учењењ преку работа (Learning by doing) со овозможување на целосна вклученост на учесниците преку интерактивни и интересни вежби и игри со цел учесниците да научат и да го разберат концептот на Социјално претприемништво преку интерактивни сесии и вежби. По завршувањето на тренингот
учесниците ќе имаат знаење, вештини и капацитетите за:

 да го разберат концептот и предностите на Социјалното претприемништво;
 да се вклучат во постоечки Социјални претпријатија и економски да се зајакнат;
 како и да иницираат основање и да менаџираат сопствено Социјално претпријатие.

Програмата за јакнење на капацитетите на млади жени Ромки за Социјално претприемништво ќе се реализира во следните локации и тоа:
1. Општина Шуто Оризари (20 жени);
2. Ѓорче Петров (10 жени);
3. Гази Баба (10 жени);
4. Чаир (10 жени);
5. Прилеп (15 жени);
6. Битола (10 жени);
7. Кочани (10 жени);                                                                                                                                                                                              8. Штип (10 жени);
9. Тетово (10 жени);
10. Куманово (10 жени).

Тренинзите ќе се организираат во соработка со локалните партнери на Ромскиот Ресурсен Центар и Иницијативата за правата на жените од Шуто Оризари во сите таргетирани
општини. За учесниците ќе биде обезбедено ручек, озвежување и материјали за тренингот.

ПРОГРАМА НА ТРЕНИНГОТ:
Модул 1: Претприемачки начин на размислување и социјална свест
Сесија 1: Отворање и разбивање на митови
Сесија 2: Основи на социјалното претприемништво
Сесија 3: Мапирање на проблемите во заедницата

Модул 2: Бизнис модел и планирање
Сесија 1: Длабоко нуркање на платно
Сесија 2: Основи на истражување на пазарот
Сесија 3: Развој на бизнис идеја

Модул 3: Финансиска писменост и менаџмент
Сесија 1: Финансиски основи
Сесија 2: Работилница за финансирање на пејзаж
Сесија 3: Финансиска симулација на мини-компанија

Модул 4: Дигитални вештини, брендирање и комуникација
Сесија 1: Работилница за развој на бренд
Сесија 2: Canva обука и спринт за дизајн или основи на социјалните медиуми за развој на
бренд
Сесија 3: Комуникациски и лидерски вештини

Модул 5: Планирање на имплементација и градење отпорност
Сесија 1: Подготовка за отпорност и предизвици

Сесија 2: Планирање на имплементација
Сесија 3: Развој на говорот и вежбање
Сесија 4: Дипломирање и градење мрежа

Материјалите за целокупниот тренинг учесниците ќе имаат можност да ги добијат во хартиена форма како и ќе имаат пристап до е-платформата во која сите тренинг материјали ќе бидат прикачени и ќе може да ги користат онлине и да ги превземат во електронска форма.

По завршување на тренингот учесниците ќе се стекнат со сертификати за успешно посетен

Тренинг за Социјално претприемништво.

Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат следните услови:
1. Да бидат високо мотивирани за нивно економско зајакнување преку Социјалното
претприемништво;
2. Да имаат висок степен на интерес за неформално образование и учество на
тренинзи;
3. Да ги посетат сите пет дена од тренингот и активно да учествуваат во активностите;
4. Да бидат отворени за тимска работа и стекнување на нови познатства.

Локација за реализација на тренинг програмата за граѓанските здруженија

Тренинзите ќе се реализираат на локално ниво во следните општини: Шуто Оризари, Ѓорче
Петров, Гази Баба, Чаир, Прилеп, Битола, Кочани, Штип, Тетово и Куманово.
Местото и датумите ќе бидат потврдени дополнително.
Временска рамка за реализација на тренинг програмата
Временската рамка за спроведување на тренинг програма е планирана во периодот од
01.12.2025 до 15.03.2026 година.

Детален план за спроведување на тренинзите по општини ќе биде утврдена дополнително, и учесниците по општини ќе бидат информирани навреме и соодветно.

Сите заинтересирани кандидати треба да се пријават на следниот линк и да ја пополнат соодветно електронската пријава: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSf9-9FxsfZtePuGMX1Z9TG0SonV_gPoOZqjSx_sIxKs1LSGiw/viewform

Краен рок за пријавување е 15 дена од датумот на објавување на јавниот повик, односно
најдоцна до 20.11.2025

Контакти:
Ромски Ресурсен Центар
Програмски асистент – Сејнур Сефер
Е-маил: [email protected]
Тел: +389 75 978 708

Иницијатива за права на жените од Шуто Оризари
Програмски раководител – Азиза Сали
Е-маил: [email protected]
Тел: +389 70 385 831

Scroll to Top