Оглас за хонорарно ангажирање на дизајнерка.

Во рамки на проектот ,,Социјално претприемништво за млади жени Ромки (ROMANSE) поддржан од ЕУ за граѓанското општество и медиумските организации во Република Северна Македонија. Целта на овој проект е да се зголеми бројот на социјално претприемништво помеѓу младите Ромки во локалните заедници.

Работни обврски на дизајнерка:

  • Изработка на дизајн на двостран флаер
  • Изработка на дизајн на постер А4 формат
  • Изработка на дизајн на лого
  • Изработка на дизајн на банер
  • Изработка на дизајн на презентација
  • Изработка на дизајн на новости
  • Изработка на дизајн на меморандум
  • Сите овие материјали треба да бидат обработен на македонки, ромски и англиски јазик.

Времетраењето на ангажманот ќе започне на 01.06.2024 година, ќе трае до финализирање на истите, додека првата драфт верзија треба да биде готова на 30.06.2024 година. Испратете го вашето CV на следниот меил: [email protected]

Заинтересираните кандидати(к)и треба да достават:

  • Биографија на македонски јазик
  • Писмо за мотивација на македонски јазик
  • Потврда за завршено високо образование
  • Кандидат(к)ите кои најдобро одговараат на горе наведените критериуми ќе бидат повикани на интервју по завршувањето на огласот.
  • Документите со назнака / предметна порака Оглас за хонорарно ангажирање на дизајнерка,треба да ги доставите на електронската адреса: [email protected]

Селектираните кандидат(к)и кои ги исполнуваат условите ќе бидат контактирани за интервју.

  • Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари гарантира дека сите сите пријавени кандидат(к)и ќе имаат исти услови при избор без оглед на етничка припадност, возраста, полот, родот, родовиот индентитет, сексуалната ориентација, брачниот или партенрскиот статус, бременоста или родителскиот статус, социјалниот или здравствениот статус, расата, попречност или која било друга основа.

 

 

Scroll to Top