Во месец мај активистките на Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари беа дел од одбележувањето на Светскиот ден на културните различности кој се одбележа од Хелсиншкиот комитет за човекови права.
„Турлитава – Заедно е послатко!“ се оддржува по седми пат и е поддржана од Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
Идејата со која се организира настанот е надминување на меѓусебното непознавање на различните етнички групи во нашата држава, како најчеста причина за создавање конфликтни ситуации, односно ситуации кои водат кон дела од омраза.
Различностите се „зачинот“ што го прават животот подобар и побогат. Заедно е послатко.