Подготвен е Предлог-закон за социјални претпријатија кој ќе биде доставен до Владата, а во првата половина од следната година се очекува да ја помине собраниската процедура и да биде усвоен.
Целта на законот е да се создаде правна, институционална и финансиска рамка за развој на социјалните претпријатија и да им се помогне на младите да станат активни чинители во општеството.
Законот е многу важен бидјеќи ги препознава сите ранливи категории, а особено младите до 29 години, самохраните родители, лицата со попреченост и другите ранливи категории како учесници и двигатели на промените во општеството. Сите овие категории на граѓани ќе имаат отворена врата за да отворат социјалните претпријатија, изјави денеска заменик -министерот за труд и социјална политика Фатмир Сабриу пред почетокот на форумот за социјално претприемништво што се одржува во Скопје.



