Повик за обучувач/тренер
За потребите на проектот „РОМАНСЕ“отвораме Повик за обучувач/и за обуки претприемништво.
За повикот:
Во рамки на активноста, Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари има потреба од ангажирање на:
Обучувач/ка за одржување на обуки на тема претприемништво/социјално претприемништво (меки вештини), со вкупно опфат од 10 учесници, преку 3 тренинзи.
Работни задачи на тренери:
- Спроведување на 3 обуки преку 3 тренинзи со опфат од 10 млади лица;
- Подготовка на агенда и материјали за обуките;
- Подготовка на извештај за спроведените обуки и постигнатите резултати на англиски јазик.
Начин на аплицирање:
Понудата се доставува на е-поштa [email protected]
Како наслов на електронската порака наведете: ,,Апликација/Понуда за тренер, најдоцна до 28.02.2025 година, до крајот на денот.
Во апликацијата потребно е да се содржани следните документи:
Кратка биографија
Мотивационо писмо


