Оваа недела сме во Штип, каде го спроведуваме четиридневниот тренинг за социјално претприемништво.

Во продолжение ви пренесуваме дел од активностите од тренингот со жени и девојки Ромки од Штип. Преку активностите во рамки на проектот РОМАСНЕ, учесничките стекнуваат знаења и вештини за развој на сопствени бизнис идеи и зајакнување на нивната економска положба.
Преку заедничка работа, поддршка и меѓусебна размена на искуства, отвораме врати кон нови можности и поодржлива идни.