Почитувани,
Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари оваа година присуствуваше на неколку настани кои се организираа од различни чинители и граѓански организации во пресрет на Меѓународниот ден на Ромите-8 Април.
На сите настани имавме можност одблиску да слушнеме и да се запознаеме со минатите, сегашните и идните активности кои се планираат од страна на Претседателот, дел од пратениците од Собрание на Република Северна Македонија, како и голем дел од министрите во различни сектори.
Нашето Здружение ги поздравува заложбите и досегашните спроведени дела се со цел подобрување на состојбата на Ромите во нашето општество и уживање на основните човекови права без дискриминција.
Сепак не смееме да запреме тука! Чинителите, надлежните институции треба да креираат и да изнајдат системски и трајни решенија за положбата на Ромите во Македонија без дискриминација, угнетување и омаловажување.
Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари неуморно и секогаш ќе биде во првите редови за борба за еднаквост помеѓу Ромите и неРомите, мажите и жените, намалување на бројот на семејно и родово базирано насилство и зголемување на бројката на пријавување на насилство, уживање на правата од социјалната и здравствената заштита, со посебен осврт на репродуктивното здравје на жената Ромка!
Нека ни е честит 8 април – Меѓународниот ден на Ромите!