На 19 јули, нашето Здружение оствари средба со Д-р. Ариф Пини, кој работи во VFV Clinic (ВФВ Клиника). Средбата беше од информативен карактер како и можност за соработка во делот на остварување на здравствените права на Ромите.
🩺 Откако си замина во пензија Д-р. Славица, која работеше во Амбулантата во Шуто Оризари, повеќе од 2000 пациенти остануваат без матичен лекар. ВФВ Клиника им излегува во пресрет на сите лица кои сакаат да го остварат правото на имање на матичен лекар, можат да се обратат во самата Клиника која се наоѓа на ул. Тале Христов, бр.2, во општина Бутел ( мапа: https://maps.app.goo.gl/Pzjuv2nmP9XH6ysx8 ).
🪢 Сите прегледи од примарното здравство во Клиниката за нивните пациенти се бесплатни, а останатите прегледи од секундарното здравство ( ЕКГ, крвна слика итн) се наплаќаат зависно цените определени од Клиниката. Одлична можност за сите кои ќе изберат да бидат пациенти во оваа клиника е тоа што ќе имаат попуст од 10% за прегледите ( на пр. Доколку ЕКГ чини 1000 денари, за нивните пациенти ќе чини 900 денари).
📢 Исто така ние како Здружение во периодот што следува ќе го информираме населението во Шуто Оризари за оваа можност и ќе му помогнеме во делот на регистрација. За подетални информации можете да се обратите во нашите простории во Младинскиот Центар ,,Сакам да знам” од 10:00 часот до 16:00 часот секој работен ден, или да ни пишете на нашата фејсбук страна.