На 11.09.2024 тимот на Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари одржа работен состанок со д-р Ламбе Крстевски матичниот гинеколог на ПЗУ „Мајка Б&M“ која е лоцирана во Поликлиниката- Шуто Оризари. Се дискутираше за тековниот проект кој започна на 01.09.2024 година и е имплементиран од Ромалитико – Институт за Истражување и Анализа насловен „Школо за трудници“.
На работниот состанок се зборуваше за целта на проектот, промотивните материјали/публикации, целната група како и обврските на ПЗУ „Мајка Б&М“, но најважно д-р Ламбе Крстевски ни сподели дека од отворањето на ординација пред 2 години, на територија на Шуто Оризари се родиле околу 780 здрави бебиња, што претставува многу голема среќа како и успех за д-р Ламбе Крстевски како и заедницата на Шуто Оризари.
Субгрантот ,,Школо за трудници“ е дел од Проектот на УСАИД за
инклузија на Ромите имплементиран од Институтот за истражување и
анализа на политики – Ромалитико со поддршка на американскиот народ
преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).