За Нас

За Нас

Кои сме ние ? Што работиме?

Здружение Иницијатива за правата на жени од Шуто Оризари делува во повеќе области и тоа: социјални права, здравствени права, дискриминација, сексуално-репродуктивни права, семејно и родово базирано насилство, повратници од странство. Ние како невладина организација која делува во Шуто Оризари и во други општини каде живее ромско население имаме голема улога бидејќи населението не препознава како женска организација која помага во остварување на правата на Ромките. Исто така нашата организација е позната по придружбите до надлежните органи со цел остварување на некое право на Ромите, по теренските активности во Шуто Оризари и во други општини каде живее ромско население и по помагање во делот на пополнување на документи и обрасци за остварување на правата.

Визија

Визијата на Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари е секоја девојка и жена Ромка да ги отставари своите социјални, економски и здравствени права на еднаква основа со сите други.

Мисија

Мисијата на Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари е да биде водечка женска ромска организација која ќе ги застапува, едуцира и омоќува девојките и жените Ромки. Ова ние го отстваруваме со тоа што нудиме информации, социјални услуги и правна помош на девојките и жените Ромки.

Огласи за работа

Новости

Информирани за Сексуално Репродуктивно Здравје

1245+

Информирани за Сексуално Репродуктивно Здравје

Случаи за Социјални Семејни Права

248+

Случаи за Социјални Семејни Права

Случаи за Дискриминација и Придружби

16+31

Случаи за Дискриминација и Придружби

Случаи за Незаконска Наплата Прекршоци

398+

Случаи за Незаконска Наплата Прекршоци

наши донатори

Подржувачи