ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ЕКСПЕРТ

 

Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари, Во рамки  на проектот HER VOICE – ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ЖЕНСКИОТ ГЛАС“ поддржан од Национална Мрежа против насилство врз жените и семејното насилство со финансиска поддршка од Kvinna till Kvinna Foundation има јавен повик за ангажирање на експерт за креирање на програма за превенција и заштита од семејно и родово базирано насилство со општина Шуто Оризари

Ангажираното лице ги има следните обврски и одговорности:

  1. Застапување за Програма за превенција и заштита од семејно и родово базирано насилство со општина Шуто Оризари;
  2. Реализира 4 состаноци со членови од локална самоуправа;
  3. Учествува на работни состаноци за координација со тимот за активностите наменети за програта;
  4. Дава конкретни предлози за Програма за превенција и заштита од семејно и родово базирано насилство;

Заинтересираните кандидат(ќ)и треба да достават:

Кратка биографија и

мотивационо писмо

по електронски пат на меил адреса: [email protected] со назнака АПЛИКАЦИЈА ЗА ЕКСПЕРТ.

Вашите апликации може да ни ги испратите најдоцна до 15.10.2024 година.

Селектираните кандидати/ќи кои ги исполнуваат условите ќе бидат контактирани на интервју.

Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари гарантира дека сите пријавени кандидат(ќ)и ќе имаат исти услови при изборот без оглед на етничката припадност, возраста, полот, родот, родовиот идентитет, сексуалната ориентација, брачниот или партнерскиот статус, бременоста или родителскиот статус, социјалниот или здравствениот статус, расата, попреченост или која било друга основа.