Проектот – Центар за нудење на психо-социјална помош и поддршка за жртви на родово базирано и семејно насилство– „Иси арка“ (фаза II) предвидува активност за организирање изложба на студии на случаеви за семејно и родово базирнао насилство – „Заедно кон безбедни и сигурни чекори за исправени потпетици“

Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари им обезбедува сигурност и заштита на жртвите, особено од ромската заедница, од идно насилство, односно помош за надминување на последиците од веќе доживеаното насилство. Жените кои што доживуваат

семејно и родово базирано насилство добиваат правна и психо-социјална помош и поддршка во рамки на нашиот Центар.

Ве покануваме да ни ги доставите Вашите понуди најдоцна до 10 ноември 2024 година до 16.00 часот по електронски пат на [email protected]

Инструкции за понудувачите

1.    Договорен орган

Договорен орган е Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари со седиште на Ул. Хаџи Јован Шишков бр. 15, 1000 Скопје, телефон за контакт, 070 385 831

Лице за контакт кај договорниот орган е Азиза Сали, телефон 076 786 222, електронска адреса [email protected]

2.    Предмет на договорот за набавка

Предмет на договорот за набавка е организирање на изложба пет работни дена започнувајќи од 25.11.2024 до 30.11.2024 година

3.    Начин на испорака/извршување на услугата

Носителот на набавката е должен предметот на договорот да го испорача по електронски пат на следаната адерса [email protected]

4.    Начин на плаќање

Плаќањето ќе се изврши по предавањето на готовиот продукт.

5.    Право на учество

Право да достави понуда има секое заинтересирано правно лице – понудувач кое е регистрирано за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за набавка.

    • учествува во повеќе од една самостојна и/или како член во групна понуда или
    • учествува како подизведувач во друга самостојна и/или како член во групна понуда.
  • Лицата кои учествувале во изработката на тендерската документација не смеат да бидат понудувачи или членови во група на понудувачи во постапката за доделување на договорот.

6. Критериуми за утврдување на способност на понудувачите

За да учествуваат во постапката за доделување на договор, понудувачите мора да ги исполнуваат следниве критериуми за утврдување на нивната способност:

  • Лична состојба
  • во последните 5 години, на понудувачот да не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари;
  • на понудувачот да не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за набавка и договори за јавно приватно

партнерство;

  • на понудувачот да не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност;
  • понудувачот да не е во постапка за стечај или во постапка за ликвидација;
  • понудувачот да нема неплатени даноци, придонеси или други давачки освен ако на економскиот оператор му е одобрено одложено плаќање на даноците, придонесите или другите давачки во согласност со посебните прописи и истите редовно ги плаќa;
  • на понудувачот да не му е изречена прекршочна санкција – забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност, и
  • понудувачот е должен да дава точни податоци и да ги доставува податоците што ги бара договорниот орган.
    • Способност за вршење професионална дејност

Понудувачот треба да е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за набавка или да припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.

  • Техничка или професионална способност

Критериуми за утврдување на техничката или професионалната способност на понудувачот се: работни ангажмани во областа на социјалната правда, спречување и заштита на жени жртви на семејно и родово базирано насилство и борбата против дискриминација, како и работа на

кампањи на невладини организации.

7. Изготвување и поднесување на понудите

  • Понудата се изготвува во согласност со условите предвидени во тендерската документација во електронска и во печатена форма, со користење на обрасците дадени во прилог.
  • Елементи на понудата

Понудата треба да е составена од следниве елементи:

  • Биографија на компанија со истакнати работни ангажмани за комуникациски материјали во областа на организирање настани и работа на кампањи на невладини организации
  • Документ за регистрирана дејност
  1. Јазик на понудата

Понудата, како и целата кореспонденција и документи поврзани со понудата кои се разменуваат со понудувачот, се пишуваат на македонски јазик со користење на неговото кирилско писмо.

  1. Краен рок и место за поднесување на понудите

Краен рок за поднесување на понудите е 10 ноември 2024 година до 16.00 часот. Понудите се поднесуваат електронски на [email protected]

  1. Понудата која е поднесена по истекот на крајниот рок за поднесување на понудите нема да биде примена.

11. Критериум за доделување на договорот

  • Критериум за доделување на договорот за набавка е економски најповолна понуда.

За носител на набавката ќе биде избран оној економски оператор чија понуда ќе биде оценета како економски најповолна, односно која ќе освои најголем број на бодови како збир на бодовите за секој елемент на критериумот економски најповолна понуда.

  • Како елементи на критериумот економски најповолна понуда се земаат:
    • цената – 60 бодови
    • сценарио за изложба и креативно решение за студиите на случаеви – 20 бодови
  • координација за изнаоѓање на бизнис компании – 20 бодови

12. Информации од доверлив карактер

  • Договорниот орган ќе ги заштити информациите кои економскиот оператор ги има означено како доверливи, особено кога станува збор за деловна тајна или права од интелектуална сопственост, освен во случаите каде што по сила на закон договорниот орган е должен да ги достави овие информации до надлежните органи.
  • Цената на понудата не се смета за доверлива информација во ниту еден случај.

13. Известување за доделување на договорот за набавка

Избраниот најповолен економски оператор ќе биде известен во електронска форма дека неговата понуда е прифатена, најдоцна во рок од 3 дена од донесувањето на одлуката за избор на најповолната понуда. Во исто време, и сите други економски оператори ќе бидат известени за резултатите од тендерот, односно за одлуката кој е најповолен економски оператор, како и за причините за неизбор на нивната понуда.

Позадина

Со поддршка на УНФПА-Македонија е отворен првиот центар/ советувалиште за превенција и заштита од семејно и родово базирано насилство, на територија на Шуто Оризари„ Иси Арка“. Овој центар нуди психо социјални услуги од септември 2023 година. Изминатиот период е реновиран и соодветно опремен воедно и достапен за лицата со посебни потреби. Потпишани се вкупно 11

меморандуми за соработка со институции и поддржувачи од заедницата. Реализирани се 6 едукативни работилници од 60 учеснички. Во едукативните работилници беа вклучени лица од заедницата кои се од најразлични профили: адвокат, социјални работници, инфлуенсери, исламски религиозни водачи итн. Од почетокот до сега се дадени услуги на вкупно 65 жртви на семејно и родово базирано насилство со најразлични форми на насилство. Придружени се 10

жени жртви до институции за пријавување на насилството и за дел е обезбедено сместување во шелтер центрите. Остварена е одредена соработка со институциите но потребна е дополнителна зајакнета соработка со истите(полиција и ЈУМЦСР). Потребни се дополнителни напори за ресоцијализација на жртвите во шелтер центрите. Реализирани се кампањи за подигање на свеста кај жените и мажите за начините за препознавање и пријавување на насилството. Забележителен мал процент на свесност за превенција и заштита од семејно и родово базирано насилство. Во рамки на кампањата изработени се и печатени промотивни материјали за промовирање на центарот.

Ваквото искуство од претходните проектни активности е добра пракса за продолжување на активностите но со различни структури и учесници.

Проблемот со семејното и родово базирано насилство не привлекува посебно внимание во пошироката јавност, освен кога се работи за случаи со брутални последици по членовите на

семејството. За тие случаи јавноста најчесто дознава од полициски извори или, пак, од медиумите. Овој вид на насилство не претставува изолирано или еднократно дејствие.

Иако се прават напори за спречување и решавање на проблемите што потекнуваат од семејното насилство, праксата покажа дека институциите треба и натаму да ја подобруваат заштитата на жртвите и меѓу-институционалната координација, а особено да работат на подигање на јавната свест. Покрај дискриминацијата и стигматизацијата, непостоењето на специјалиризани сервиси претставува уште проблем со кој се соочуваат жртвите на семејно насилство. Изложбата дава можност за подигање на јавната свест за потребата за помош и поддршка на жени жртви на

семејно и родово базирано насилство.

Се очекува од Ангажираниот консултант/експерт да има добро изградени комунациски способности со бизнис компании. Консултантот ќе помогне во реализација и ќе изготви план за спроведување на оваа активност, заедно со тимот на Здружението. Ќе се реализираат 20

состаноци со бизнис компании.

Очекувани резултати: Оваа активност ќе допринесе до следниве резултати: Најмалку 5 потпишани меморандуми за соработка и 2 компании коишто ќе донираат финански или материјални добра.

Цел: Целта на активноста е да се изготви план за финансиска оддржливост на услугите кои ги нуди центарот за помош о поддршка на жени жртви на семејно и родово базирано насилсто – „Иси Арка“.

Исто така во активноста за Изложба на студии на случај

 По повод 16 дена активизам за неделата за превенција и заштита од семејно и родово базирано насилство се планира изложба со 10 студии на случај изложени со пишана форма во вид на акроними на платно прочитани од страна на модератор. Оваа активност ќе биде спроведена преку ангажиран експерт кој ќе треба дополнително креативно да ја креира и реализира заедно со

тимот на здружението.

Цели на настанот:

  • Да се овозможи континуирана и систематизирана помош и поддршка на жени жртви на семејно и родово базирано насилство
  • Специфична цел на аукцијата е да се обезбеди одржливост на Првиот центар за давање

услуги – правна и психо-социјална помош и поддршка на жени жртви на семејно и родово базирано насилство.

Целна група на настанот:

Примарна: потенцијални донатори (уметници, жени од бизнис-секторот, жени јавни личности, политичарки, поединци и веќе постоечки партнери на Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари).

Секундарна: жени и семејства од ромската заедница.

Буџет: Максималната цена за овој договор е 252.000,00 денари

За организирање на настанот за изложбата се предвидува 72.000 денари додека пак за организирање на состаноци со бизнис компании се предвидува 180.000 денари

ВАЖНО: Се очекува, при изготвување на понудата, економскиот оператор да ја земе предвид целта на настанот и да понуди цени за услугите во знак на солидарност и поддршка за жени жртви на семејно и родово базирано насилство.