ЈАВЕН ОГЛАС – За ангажирање на еден (1) надворешен соработник од областа на семејно и родово базирано насилство

ЈАВЕН ОГЛАС
За ангажирање на еден (1) надворешен соработник од областа на семејно и родово
базирано насилство
Здружението Иницијатива на жените од Шуто Оризари објавува јавен оглас за
ангажирање на надворешен соработник во рамките на проектот „Превенција и заштита
од родово-базирано насилство во Северна Македонија“ финансиски поддржан од
донација на Фонд за население на Обединетите нации УНФПА-Македонија.

Главни работни задачи и обврски:
 Ревидирање на Програмата на Центарот за помош и поддршка на жртви на
семејноо и родово базирано насислство „Иси Арка“, согласно важечката
законска регулатива, стандарди и процедури за обезбедување услуги за жртви
на семејно и родово базирано насилство.
 Подготовка, ревидирање и усогласување на потребната документација за
постапката за лиценцирање на Центарот за помош и поддршка „Иси Арка“, во
согласност со релевантните законски и подзаконски акти и утврдените
стандарди за лиценцирање.
 Изработка и унапредување на интерните процедури, протоколи, обрасци и
други потребни акти за функционирање на Центарот и обезбедување
квалитетни и стандардизирани услуги за корисниците.
 Давање стручна поддршка и насоки во текот на процесот на лиценцирање,
вклучително и идентификување на потребните дополнувања и корекции во
документацијата, програмите и процедурите.

Времетраење на ангажманот
Соработникот ќе биде ангажиран во времетраење од 5 работни дена
Начин на пријавување
Сите заинтересирани кандидати треба да достават CV (биографија) по електронски пат
на e-mail: inicijativanazeni.sutoorizari@gmail.com , најдоцна до 31.08.2026 година.
За дополнителни информации заинтересираните можат да се обратат на телефон
070385831 или на наведената e-mail адреса

Scroll to Top