ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ЕКСПЕРТ/ЕКСПЕРТКА

ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ЕКСПЕРТ/ЕКСПЕРТКА

Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари – Скопје, во рамки на проектот „Зајакнати – градиме родово одговорно буџетирање во Шуто Оризари“, објавува повик за ангажирање на експерт/експертка за изработка на Водич за родово одговорно буџетирање.

Целта на ангажманот е изработка на практичен и разбирлив Водич кој ќе придонесе кон унапредување на знаењата и капацитетите за примена на родово одговорно буџетирање на локално ниво, со посебен фокус на Општина Шуто Оризари.

Ангажираното лице ќе има задача да:

  1. Изработи на Водич за родово одговорно буџетирање, вклучувајќи преглед и анализа на релевантната законска и стратешка рамка;
  2. Вклучи практични насоки и алатки за примена на родово одговорното буџетирање на локално ниво, прилагодени на контекстот и потребите на Општина Шуто Оризари;
  3. Го финализира Водичот согласно добиените коментари и насоки од Здружението.

Времетраење на ангажманот: 6 работни дена.

Заинтересираните кандидат(к)и треба да достават:

  • Кратка биографија (CV);
  • Мотивационо писмо;
  • Финансиска понуда за ангажманот;
  • Релевантни материјали/докази за претходно искуство во областа на родово одговорното буџетирање и/или изработка на водичи, анализи и слични документи.

Документите со назнака/предмет на пораката „Апликација за експерт/експертка – Водич за родово одговорно буџетирање“ треба да се достават на електронската адреса: inicijativanazeni.sutoorizari@gmail.com

Краен рок за аплицирање: 20.03.2026.

Селектираните кандидат(к)и кои ги исполнуваат условите ќе бидат контактирани.

Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари гарантира дека сите пријавени кандидат(к)и ќе имаат исти услови при изборот без оглед на етничката припадност, возраста, полот, родот, родовиот идентитет, сексуалната ориентација, брачниот или партнерскиот статус, бременоста или родителскиот статус, социјалниот или здравствениот статус, расата, попреченоста или која било друга основа.

Scroll to Top