На 30.06.2023 година, Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари во партнерство со Хера, Полио Плус – движење против хендикеп и Инклузива-Inkluziva организира  тркалезни маси на тема „Научени лекции од Ковид-кризата: Како до подобар пристап до примарна здравствена заштита за ранливите групи жени – Ромките и жените со попреченост?“
Ги презентиравме наодите од истражувањето што го спроведовме со поддршка од NDI North Macedonia за подобро да разбереме во која мера и како различните фактори влијаеле врз пристапот на овие две маргинализирани групи жени до услугите на примарното ниво на здравствена заштита, особено до превентивните.
 Со учество на клучите чинители од државните институции, здравствените работници и граѓанскиот сектор се верификуваа наодите од истражувањето и заеднички работевме за да дефинираме препораки за јавни политики за менување на ситуацијата за овие жени – на подобро.