Една од општите матични лекари Д-р. Славица, која со години работеше во амбулантата во Шуто Оризари, заминува во пензија!
Ве известуваме дека приватната здравствена установа „Санос Вита“ односно Д-р. Славица активно ќе работи до 15.07.2023 година односно до денес поради заминување во пензија.
Сите пациенти на кои им беше матичен општ лекар Д-р. Славица, можат да дојдат да си го земаат здравствениот картон се со цел да си одберат нов матичен лекар.
Нашите параправнички по оваа добиена информација имале неформална средба и со Д-р. Славица, но и со новата Д-р Мартина. Информациите кои ги добивме беа точни, односно Д-р. Славица си заминува а на нејзино место ќе работи Д-р Мартина. Таа веќе има оформено тим заедно со медицинска сестра, но засега чека дозвола за работа од Фонд за здравствено осигурување и факсимил. По завршување на административните работи докторката ќе работи во ординацијата на Д-р. Димче Попов. Ординацијата ќе работи во две смени. Откако ќе го истакнат работното време, ние навремено ќе Ве известиме.
Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари продолжува да се залага за остварување на здравствената заштита на ромската заедница, но потребни се вработувања на нови лекари и специјалисти од областа на примарното здравство кои што ќе работат во Поликлиника Шуто Оризари.