Со огромно задоволство ве известуваме дека гинеколошката ординација на д-р Крстески во Амбулантата во Шуто Оризари започна со работа!!!
Работното време е од понеделник до петок од 07:00 часот до 15:00 часот, а во среда е од 12:00 часот до 20:00 часот.
Ординацијата работи со претходен закажан преглед. Прегледите се закажуваат на шалтер или пак на телефонскиот број: +389 77 688 782
Доколку ви се потребни дополнителни информации за гинеколошките прегледи, можете да ги прашате нашите параправнички кој се секојдневно на терен или пак да дојдете во просториите на Младинскиот центар „Сакам да знам “ која се наоѓа во Амбулантата во Шуто Оризари, или пак можете да се јавите на телефонскиот броj: 02 2651 955.
Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари го поздравува процесот во кој активно застапувавме ние и граѓанските организации кои делуваат во Шуто Оризари.
Апелирарме до Министерство за здравство да превземе сериозни чекори во менување на законот за здравствена заштита, бидејќи во минатото бевме сведоци на отварање на гинеколошка ординација во Шуто Оризари скоро од секој министер за здравство!
Министерството за здравство и Владата на Република Северна Македонија треба да обезбеди примарни здравствени услуги и на граѓаните од општина Шуто Оризари. Нашата држава треба и мора да обезбеди еднакво здравство за сите граѓани без дискриминација.
Честитаме со надеж и желба за трајни и системски решенија за ромската заедница во нашата држава!
Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари продолжува со залагање, информирање, охрабрување и едуцирање на жените во општина Шуто Оризари за сексуалното и репродуктивното здравје.