Дискриминацијата, општествените стереотипи и стигмата се најчестите причини поради кои на маргинализираните групи, а особено на жените, им е отежнат пристапот до остварување на нивните права. Ромките од Општина Шуто Оризари секојдневно наидуваат на голем број пречки при остварување на правото на здравствена и социјална заштита, грижата за сопствено репродуктивно здравје и пристапот до услуги во рамки на здравствените и социјалните установи.

Во оваа публикација се презентирани осум студии на случај во Општина Шуто Оризари, кои зборуваат за најчестите прекршување на социјалните и здравствените права со кои се соочуваат Ромките во секојдневниот живот. Наведените случаи се собрани во периодот јануари – јули 2022 година.
Целта на оваа публикација е преку изнесените случаи, кои се дел од секојдневната работа во обезбедувањето на правна помош, да се оцени и добие подобра слика за пристапот, достапноста и функционалноста на услугите што Ромките ги добиваат од страна на институциите, а кои произлегуваат од теренската работа на правниот тим.

Системски предизвици кај ромките во остварување на здравствените и социјалните права