Во декември, 2022 година се оддржа настан организиран од HERA и Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари каде што беа презентирани „Системските предизвици кај Ромките во остварување на здравствените и социјалните права“, низ осум лични искуства собрани во периодот јануари – јули 2022 година. Се даде слика за третманот на Ромките од страна на институциите, односно студиите на случај покажаа дека овие граѓанки и натаму се соочуваат со низа предизвици во пристапот, достапноста и функционалноста на услугите – што во дел од случаите довело и до фатален исход.
„Компаративната анализа на пристапот и услугите за сексуално и репродуктивно здравје на Ромките од Шуто Оризари“ дава преглед на наодите од истражувањето „Карта со оцена од заедницата“ што ХЕРА и Иницијативата го спроведуваат секоја година од 2012 година наваму.
По презентирањето на наодите следуваше дискусија со присутните претставници/чки од релевантните институции и граѓански организации за изнаоѓање соодветен механизам за решавање на идентификуваните пречки во пристапот до здравствена и социјална правда.
Двете публикации произлегуваат од проекти поддржани од Фондацијата Отворено општество – Македониja.