Реакција

Вчерашното невреме значително ја влоши состојбата во Здравствениот дом Скопје – Шуто Оризари.

Имено Амбулантата во Шуто Оризари е постојано во лоша состојба и покрај тоа што малиот дел од ходникот беше реновиран пред неколку месеци со помош на донации. Ординациите на матичните лекари и ходниците целосно се поплавија од вчерашното невреме па поради тоа пациентите и вработените се изложени на ризик  од електричната инсталација. Кровот на Здравствениот дом е некомплетиран односно потребна е целосна санација! Водата која што се излева по ходниците на Амбулантата е ризик за пациенитите кои што чекаат ред за извршување на потребните анализи и прегледи. Самата вода која што тече по ходниците е штетна со бактерии што ја вдишуваат пациентите, а голем дел од нив се со хронични болести.

Вчерашното невреме предизивика најголема штета во ПЗУ Интергин каде се прегледуваат најголем број на деца. Ваквите штети во Амбулантата во Шуто Оризари се случуваат постојано и при најмали врнежи.
Денес во Амбулантата во Шуто Оризари дојдоа лица за проценка на штети, но утврдија дека ќе пренесат на надлежните лица за понатамошно делување, а до тогаш утврдија дека објектот е безбеден.


Потсетуваме дека:
Според законот за заштита и спасување, секоја институција е задолжена да има план за евакуација и пропратни работи, како што се лица за укажување на прва помош, за отворање на врати, правење простор за евакуација, сите технички работи коишто треба да ги има секоја институција. Сите треба да имаат планови за да не стигне до некоја последица.
Ние како Здружение апелираме и укажуваме до Министерство за здравство и Здравствен дом Скопје веднаш да подготват план за реновирање на Здравствениот дом Шуто Оризари вклучително и целосна реконструкција на кровот на Амбулантата на Шуто Оризари. Веднаш да назначат управител кој ќе менаџира со просториите на Амбулантата со кои што ќе се овозможат еднакви, безбедносни услови за непречено одвивање на здравствените прегеди во Амбулантата – Шуто Оризари. Не смееме да дозволиме граѓаните – пациентите од Шуто Оризари дополнително да се изложат на здравствен и безбедносен ризик.

Во продложение се фотографии од просториите на Амбулантата на Шуто Оризари.