Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари оствари работна средба со матичниот гинеколог Ламбе Крстески, медицинската сестра, советникот на премиерот, Елвис Мемети, претставници од општина Шуто Оризари, претставници од невладините организации Ромалитико, ИРИЗ и ромски здравствен медијатор.
📚 Темата на работната средба беше за водење на дискусија во однос на работата на гинеколошката ординација на гинекологот која е во функција веќе 6 месеци. Исто така се дискутираше за оддржливоста на ординацијата, за финансирањето на медицинската сестра, за зголемување на бројот на пациентки.
📢 Од работниот состанок произлегоа следните заклучоци:
👉 До крајот на наредната недела да се подготви допис кој ќе биде испратен до директорите на училиштата и на градинката. Потоа да се оствари состанокот со нив и да се договорат следните активности за остварување на родителска средба со цел објаснување на родителите за потребата на тоа нивните ќерки да бидат пациентки кај докторот.
👉 Паралелно е предвидено да се води и кампања за посета на пациентите во фрекфентни места во општина Шуто Оризари за да може да им се измери шеќер и крвен притисок а воедно и да се охрабрат жените да се запишат како пациентки кај гинекологот.
☝🏿Предвидено е Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари да го подготви дописот и да се испрати до директорите. На средбите ќе има претставници од нашето Здружение, советникот на премиерот и останати засегнати страни.
‼️Во однос на финансиската поддршка, останува општината Шуто Оризари да се произнесе во однос на финансирањето на медицинската сестра.
✏️Потребно е граѓанските организации кои што делуваат на територија на Шуто Оризари и Топаана да мобилизираат и да информираат жени за избор на матичен гинеколог.
Состанокот заврши со ветување и заложба на сите присутни.