„Потребата од матичен гинеколог никогаш не запира“

Се сеќавате ли кога пред само неколку месеци нашето Здружение спроведе креативен
активизам поддржан од Фондација Отворено општество – Македонија – ФООМ на тема „Ти си на ред!-
Грижи се за твоето репродуктивно здравје“. Нашите параправничи го информираа населението за отворената гинеколошка ординација што започна со работа во ноември.
Благодарение на креативниот активизам, во периодот кој следуваше, повеќе од 300 пациентки се регистрираа како пациентки во ординацијата ПЗУ „Мајка Б&М“, додека пак целосно има регистрирано околу 1300 пациентки.
Иако сме во текот на летните одмори грижата за репродуктивното здравје на жените е од голема важност па затоа ги повикуваме сите девојки и жени на територија на општина Шуто Оризари да ја посетат ординацијата на др Ламбе Крствески од понеделник до петок во временски период од 07:00 до 15:00 часот само во среда работи втора смена од 12:00 до 20:00 часот.
Малите акции како креативниот активизам се поттик за долгорочна и одржлива инвестиција за здравјето на ромската заедница. Исто така преку креативните активизми Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари станува препознатлива и водечка женска организација за остварување на правата на Ромите, со посебен осврт на репродуктивните права на Ромките.