Параправничките на Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари го зголемија своето знаење во областа на правно зајакнување.
На терен нашите параправнички се сретнуваат со голем број случаи на неевидентирани лица или на лица кои немаат државјанство иако подолг период живеат во Македонија и на обуката беа опфатени законите за државјанство и за неевидентирани лица во матичната книга на родени.
Оваа обука беше организирана и спроведена во рамките на проектот „Користење на правна помош и поддршка за подобрување на пристапот на Ромките до здравствените и социјалните права“, поддржан од Фондацијата Отворено општество – Македонија.