Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) спроведува проект „Превенција и заштита
од родово базирано насилство во Северна Македонија“. Основната цел е да се поддржи Владата
на Северна Македонија да изгради и да започне со спроведување на интегрирани политики за
родово засновано насилство (РН) ширум државата, во согласност со принципите на Истанбулската
конвенција.
Како резултат на овој проект, ќе биде реплициран успешен модел на соработка со повеќе
засегнати страни во оснoвање на шелтер центар во најмалку две други општини во Северна
Македонија. Соодветно, соработувајќи со партнерската организација Иницијатива за правата на
жените од Шуто Оризари, Скопје, УНФПА има за цел да ги зајакне локалните услуги за поддршка
на жртвите и преживеаните на родово базирано насилство, ефикасно имплементирајќи и
зајакнувајќи го давањето на такви услуги во идентификуваните општини.


Позиција: Асистент/ка за локална заедница
Локација: Шуто Оризари, Скопје
Времетраење на задачата: 6 месеци (од 1-ви септември 2023 до29 февруари 2024)
Опис на задачите:
Под директен надзор на програмската аналитичарка на УНФПА и дневен надзор на
партнерската организација на УНФПА, волонтерот/ волонтерката на заедницата на ОН ќе:
● Посети обука за активностите спроведени од партнерската организација на УНФПА во
избраната општина со акцент на активности поврзани со родово базирано насилство (РБН).
● Помага на партнерската организација на УНФПА во организирање состаноци во локалната
заедница кои би ги вклучиле општинските чинители, граѓанските организации, верските
организации, здравствените и образовните институции, локалната бизнис заедница и
членовите на заедницата.
● Редовно води записници од состаноците и помага на партнерската организација на УНФПА
да обезбеди последователни активности.
● Помога на партнерската организација на УНФПА во спроведување на релевантните
активности кои ќе доведат до лиценцирање на услуги за жртвите и преживеаните од
родово базирано насилство.
● Спроведува теренски посети и помага во остварување на контакти со заедницата со цел да
се информира јавноста за достапните услуги за жртвите и преживеаните од родово
базирано насилство (РБН) со цел да се допре до што е можно повеќе жени и девојки и
членови на заедницата.
● Води евиденција и известува за активностите и најдобрите практики.
● Извршува други поврзани задачи кои што можат да бидат побарани или доделени од
страна на супервизорот.

Критериуми и потребни квалификации:
● Средно образование или еквивалентно,
● Покажан интерес за ангажман во заедницата, особено за зајакнување и учество на жените
или младите,

● Вештини за развој на заедницата,
● Основно користење на компјутерски и канцелариски апликации,
● Добри комуникациски вештини,
● Волонтерско искуство, и искуството за ангажирање во заедницата се сметаат за предност.
● Потребно е течно познавање на говорен и писмен македонски или ромски јазик.
● Работно ниво на англиски јазик е пожелно.

Распоред на работа и времетраење на ангажманот:
Половина работно време: Распоредот за работа ќе биде одреден од партнерската организација и
УНФПА
Место каде што ќе се одвива ангажманот:
Канцелариите на Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари, Скопје

Придобивки:
Месечен додаток за волонтерски живот: 208 ЕУР во денарска противвредност
Влезна еднократна сума: 50 УСД
Здравствено осигурување за цело времетраење на задачата
Денови за одмор
Можности за учење

Процедура за аплицирање:
Забелешка: ОН Волонтерите на заедницата работат во местото каде што живеат. Затоа,
кандидатите кои можат да се пријават мора да бидат жители на општина Шуто Оризари.
За да аплицирате, ве молиме доставете ги следните документи по електронска пошта до
inicijativanazenisutoorizari@gmail.com до 16ти август 2023:
• CV
• Скенирана копија од документ за лична идентификација
• Скенирана копија од завршено средно образование
Кога ќе ја испратите електронската пошта, во предметот на електронската пошта/мејл напишете
„Апликација за ОН волонтер на заедницата во Шуто Оризари“.