Здружението „Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари“ често пати организира едукации, работилници и форум театар за малолетнички бракови и бремености, а од здружението велат дека тоа дава позитивни резултати и случаите се намалуваат.

„Сексуалното и репродуктивното здравје на Ромките од Шуто Оризари е постојано под ризик последните 10 години, особено поради тоа што Ромките од Шуто Оризари низ годините се соочуваат со низа предизвици, проблеми, тешкотии и немаат еднаков пристап до здравствени услуги, особено поради немање матичен гинеколог во Шуто Оризари во неколку наврати. Во моментот во оваа општина има еден матичен гинеколог.“, вели Азиза Сали од Здружението.