Повеќе од 10 години, општина Шуто Оризари немаше гинеколошка ординација односно беа имплементирани неколку обиди за наоѓање на трајно решени за матичен гинеколог кои не вродија со плод во изминатите години.

Во ноември, 2023 година започна со работа новата гинеколошка ординација: ПЗУ: „Мајка Б&М“ во Здравствениот дом Шуто Оризари!
Недовербата кај жените од Шуто Оризари е зголемена за избор на матичен гинеколог, поради честите затварања на гинеколошки ординации. Од друга страна, здравствениот систем, односно, Фондот за здравственото осигурување на РСМ е креиран, така што матичните гинеколози се исплаќаат по капитационен бод за избрани пациенти!
Оттука, со цел да се зголеми бројот на пациенти на ново-отворената гинеколошка ординација
и со тоа да се помогне во финансиска одржливост на гинеколошката ординација, а со тоа и
можноста за трајно решение со проблемот на недостиг на матичен гинеколог во Шуто Оризари, нашето Здужение ја спроведе креативната акција.  Таа се состоеше од возење на креативно возило по најфрекфентните улули во оваа општина и потоа да се застане на сред пазар и да имаат обраќања нашата проектна координаторка, Азиза Сали и гинекологот.

https://www.facebook.com/zenisutoorizari/videos/500208395549451/

 

Преку остварување на оваа креативна акција неколку жени се запишаа како пациентки кај докторот за да им биде матичен гинеколог. Исто така, се зголеми свесноста од редовни гинеколошки прегледи кај жената Ромка, како и кај целото население.