Конкурс за хонорарен ангажман за 2 (две) теренски соработници/чки

Ангажманот е отворен во рамките на проектот „ Мониторинг и пристап до здравствени,
социјални и сексуално – репродуктивни права кај Ром(к)ите “ (поддржан од Фондација
Отворено Општество Македонија).
Работното место се отвора од 1 август во траење до 31.10.2023 година.
Опис на ангажманот:
Од ангажираните лица се очекува да биде одговорен/а за следните работни задачи:
Одговорно е за евидентирање на студии на случај за прекршување на здравствени,
социјално-семејно и сексуално-репродуктивни права, како и дискриминација преку
теренска работа и врши едукација и инфомирање за остварување и заштита на правата.
Нуди информации за начинот, условите и потребната документација за остварување и
заштита на здравствени, социјално-семејно и сексуално-репродуктивни права.
Составува акти за остварување и заштита на правата (барања, претставки, ургенции) и
пополнува обрасци, формулари и документи во соработка со правниот советник.
Спроведува теренски информативни/едукативни сесии и мобилизација на
населението за одбрана на своите права од Шуто Оризари, Топана и Чаир и во други
општини во кои живее ромско население, во согласност со однапред утврден месечен
распоред во координација со контакт лицето за теренските работници.
Учествува во организирање и спроведување едукативни работилници од Шуто
Оризари, Топана, Чаир и други општини во кои живее ромско население.
Остварува соработка и комуникација со граѓански организации, и со релеванти
институции, со цел унапредување на правата од областа на семејно и родово базирано
насилство на Ромките од Шуто Оризари.
Ги упатува и по потреба придружува клиентите во органите, организациите и
институциите во кои можат да ги остварат своите права.
Ги упатува клиентите до правниот советник во случаите во кои им е потребна правна
помош.
Го промовира сервисот на нудење услуги и ја информира заедницата за услугите,
помошта и поддршката што ја нудат.
Присуствува на обуките кои се организираат од страна на Иницијатива за правата на
жените од Шуто Оризари или други организации и најмалку еднаш месечно се
вклучува во дополнителни активности поврзани со проектот.
Присуства на координативните состаноци и состаноците за рефлексија коишто се
организираат во канцелариите на Здружение Иницијатива за правата на жените од
Шуто Оризари и Контакт лицето за теренските работници.
Во извршувањето на своите активности директно соработува со Контакт лицето.
Ангажманот предвидува 4 (четири)работни часа, 2 (два) дена во неделата и хонорарот
изнесува 12$(УСД) БРУТО, по смена, сметано во денарска вредност.

Кандидат(к)ите треба да ги исполнуваат следните услови:
Завршено средно образование;
Основни познавања на Microsoft Оffice;
Солидни познавања на англискиот јазик;
Одлични вештини за комуникација и асертивно однесување;
Изградени вештини за тимска работа и самоиницијативност;
Сензибилизираност за работа со маргинализирани и социјално исклучени групи на
граѓани.
За предност ќе се смета:
Работно искуство во граѓанскиот сектор,
Работно искуство во работа со маргинализирани и социјално исклучени групи на
граѓани.

Најдоцна до 30 јули 2023 година, до 16 часот, заинтересираните кандидат(к)и треба да
достават:
Биографија на македонски јазик,
Писмо за мотивација на македонски јазик,
Потврда за завршено средно образование и
Една препорака од претходните работни места (доколку поседувате).
Ве молиме во апликацијата да наведете и телефон и електронска адреса за контакт.

Вашите апликации можете да ги поднесете на следната меил адреса: inicijativanazeni.sutoorizari@gmail.com најдоцна до 16:00 часот, 30 јули (понеделник).

Кандидат(к)ите кои најдобро одговараат на горенаведените критериуми ќе бидат повикани на
интервју по завршувањето на огласот.

Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари гарантира дека сите пријавени
кандидат(к)и ќе имаат исти услови при изборот без оглед на етничката припадност, возраста,
полот, родот, родовиот идентитет, сексуалната ориентација, брачниот или партнерскиот
статус,  бременоста или родителскиот статус, социјалниот или здравствениот статус, расата,
попреченоста или која било друга основа.