Цел на проектот: „Превенција и заштита од родово базирано насилство во Северна Македонија“ е да ја поддржи Владата во воспоставувањето и имплементирањето на интегрирани политики за родово-базирано насилство насекаде во земјата во согласност со принципите на Истанбулската конвенција. Една од активностите е да се обезбеди пристап до засолниште и психосоцијална поддршка за сите жртви и преживеани од родово и семејно базирано насилство преку репликација на најдобрите практики на соработката помеѓу засолништата (управувани од ГО) и локалната самоуправа и приватниот сектор. Проектот го спроведува Фондот за население на Обединетите Нации поддржан од Британската амбасада.

Согласно целта на проектот и потребата на заедницата за превенција на семејно и родово базирано насилство се отвара прв Центар за психо-социјална подршка за жени-жртви на семејно и родово базирано насилство на територија на Шуто Оризари: „ISI ARKA“.

За потребите на овој Центар имаме потреба за работен ангажман за 1 (едно) лице на следнава позиција:

 

Работното место се отвора во рамките на проектот „Превенција и заштита од родово базирано насилство во Северна Македонија“.

 

Времетраење на работниот ангажман:

 01.08./31.12 2023год. (со можност за продолжување)

Работни часа: 4(четири) секој работен ден.

 

 

Опис на ангажманот:

Социјалниот работник/-чка е одговорен/-на за следните работни задачи:

  • врши интервјуа при прием на клиенти со цел собирање основни демографски информации, информации за проблемот, факторите кои придонеле за проблемот, перцепција за помошта која се бара;
  • отвора и води досие за корисникот/-чката и друг/-и член/-ови на семејството/партнерството и го раководи случајот на корисникот/-чката која добива услуги во Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари; притоа согласно протоколите гарантира анонимност и доверливост на сите баратели на услуги
  • иницира процедури и постапки поврзани со остварување на правата од областа на семејното и родово базирано насилство на клиентите од Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари;
  • организира теренска работа и придружува клиенти до институциите и организациите кога тоа е потребно за клиентите;
  • учествува на состаноците за интервизија со останатите даватели на услуги од Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари;
  • соработува со граѓанските организации и државните институции со кои Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари има потпишано Меморандум за соработка за препраќање на клиенти во зависност од потребата во кои Институции треба, но и со потенцијалните идни соработници од граѓанскиот и државниот сектор, според потребите на корисниците на сервисот;
  • во координација со проектниот координатор учествува во подготовката на наративни извештаи за активностите на Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари и за спроведувањето на проектните и стратегиски индикатори на организацијата;
  • учествува во внесот на податоци во базата на податоци на Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари и во правењето анализа поврзана со дадените услуги и опфатот на клиенти во сервисот;
  • учествува во иницијативи на организацијата од областа на родово базираното и семејното насилство, по проценка и во координација со супервизорот/-ката и програмската директорка;
  • Учествува во обуки/семинари, едукаци и медиумски кампањи од областа на родово базираното и семејното насилство;

 

Кандидат(к)ите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • Завршено високо образование (социјална работа и политика);
  • Ќе се смета за предност професионално искуство во работа со жртви/преживеани на родово базирано и семејно насилство;
  • Познавања на закони, политики и програми поврзани со родово базирано и семејното насилство;
  • Напредно познавање на пакетот Microsoft Оffice;
  • Познавање на англискиот јазик;
  • Одлични вештини за комуникација и асертивно однесување;
  • Изградени вештини за тимска работа и самоиницијативност;
  • Сензибилизираност за работа со маргинализирани и социјално исклучени групи на граѓани.

 

За предност ќе се смета:

  • Ќе се смета за предност познавање на ромски јазик;
  • Работно искуство во граѓанскиот сектор,
  • Повеќегодишно работно искуство во спроведување програми поврзани со родово базирано и семејно насилство,
  • Работно искуство во работа со маргинализирани и социјално исклучени групи на граѓани.

 

Најдоцна до 07.08.2023 година, до 16 часот, заинтересираните кандидат(к)и треба да достават:

  • Биографија на македонски јазик,
  • Писмо за мотивација на македонски јазик,
  • Потврда за завршено високо образование и
  • Една препорака од претходните работни места.

Ве молиме во апликацијата да наведете и телефон и електронска адреса за контакт.

Кандидат(к)ите кои најдобро одговараат на горенаведените критериуми ќе бидат повикани на интервју по завршувањето на огласот.

Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари гарантира дека сите пријавени кандидат(к)и ќе имаат исти услови при изборот без оглед на етничката припадност, возраста, полот, родот, родовиот идентитет, сексуалната ориентација, брачниот или партнерскиот статус,  бременоста или родителскиот статус, социјалниот или здравствениот статус, расата, попреченоста или која било друга основа.

Документите со назнака/предмет на пораката Оглас за вработување на социјален работник, треба да ги доставите на електронска адреса: inicijativanazeni.sutoorizari@gmail.com