Во изминатата деценија, Иницијативата за права на жените од Шуто Оризари заедно со ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување има изработено десет истражувања, Карта со оцена од заедницата. Картата со оцена од заедницата претставува истражување со кое се испитува пристапот до услугите за репродуктивно здравје на Ромките од Шуто Оризари во период на бременост, за време на породување и во првите месеци од мајчинството. Всушност, Картата со оцена од заедницата е алатка за следење и оцена на пристапноста, достапноста и задоволството од добиените услуги поврзани со репродуктивното здравје. На овој начин се идентификуваат проблемите, се анализираат и се споделуваат со сите засегнати страни за да се изнајдат ефективни и трајни решенија.

Компаративна анализа на пристапот и услугите за сексуално и репродуктивно здравје на ромките од Шуто Оризари (1)