Дискриминација врз жените во нашето општество е резултат на традицијата, како и на општествените стереотипи и предрасуди за положбата на жената во општеството.Нееднаквите односи на моќ меѓу мажите и жените се последица од дискриминацијата врз жените, а со тоа се ограничува целосниот напредок на жените.

Ромската популација во Република Северна Македонија сè уште е најранливото малцинство во земјата, заедница што се соочува со институционална дискриминација, социјални предрасуди и нееднаков пристап до услуги.

Ромките имаат специфична положба во општеството и се жртви на секојдневна интерсекциска дискриминација и поради тоа што се жени и поради тоа што се Ромки. Голем број Ромки ги немаат истите можности за донесување сопствена одлука за прашања поврзани со брачниот статус, образованието, кариерата, вработувањето и други прашања. Овие одлуки најчесто ги носат членови на нивното семејство или мажот. Малолетничките бракови и бремености токму поради ова се најчести кај нашето општество се со најмал процент на образование, најголем процент на сиромаштија и невработеност и со многудетни семејства. Во вакви случаи жената Ромка е целосно зависна од мажот почнувајќи од економска зависност, но и зависност по однос на домувањето и одлучувањето.

Сите овие факти придонесуваат до зголемено семејно и родово базирано насилство врз жената Ромка, кое во најчести случаи се премолчува.

Причините поради кои се премолчува насилството се различни и како најчести се појавуваат чувството на страв од насилникот, срам, но и недостиг на информации, несвесност на самата жртва што ѝ се случува. Самата институционална дискриминација на Ромките во голема мера влијае врз премолчувањето на насилството поради недоверба во системот и во надлежните институции.

Поради овие веќе познати факти, Здружението Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари го спроведува истражување за пристапот и функционалноста на системот за заштита на жените Ромки, жртви на родово базирано насилство и семејно насилство на територијата на Скопје.

 

mk verzija-converted-compressed