Освен лицата во социјален ризик, втора поголема група што често не може да си дозволи контрацепција и кај која почесто се јавува непланирана бременост, се младите.
„Кога го тестиравме ова на терен увидовме дека имаме нула проценти искористеност од сто испитанички. мислиме дека сепак и начинот на имплементација на оваа мерка за бесплатни контрацептивни средства и буџетот дополнително ги обесхрабурва жените да дојдат да ги искористат овие контрацептивни средства наменети за нив. Една од препораките е впрочем и контрацептивните средства за да се достапни треба да се бесплатни но воедно да бидат достапни во самите ординации на матичните гинеколози.“
препорачува Салија Беќир Халим, здружение Иницијатива на жени од Шуто Оризари.
 „Немањето пари не би било пречка за младите и социјално ранливите категории да дојдат до контрацепција ако барем едно такво средство се стави на Позитивната листа – нешто на што Владата се обврзала во меѓународни и национални документи“, вели Драгана Каровска Чемерска од ХЕРА.
 Ова се само дел од аспектите што ги покрива прилогот на 360 stepeni за кој Галена Николовска Ризвановиќ ја доби наградата „Гласник на невидливите“ на МАКЕДОНСКА ПЛАТФОРМА ПРОТИВ СИРОМАШТИЈА.
https://360stepeni.mk/video-besplatnata-kontratseptsija-i-po-pet-godini-e-samo-vladino-vetuvane-na-hartija/?fbclid=IwAR30x-_WzVNk7Ydp4QShaocAHyaEiN1_eu7XCjU-4yCHK4GvviYpSODNATo