Наташа и Севда, претставнички од нашата организација Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари присуствуваа во обуката за Градење на капацитетите на ромските граѓански организации за новитетите во Законот за спречување и заштита од дискриминација која беше одржана од страна на КСЗД со соработка со мисијата на ОБСЕ во Скопје, во хотел Гарденија од 10.05-11.05.2022 година.

Целта на обуката беше да се запознаат граѓанските организации и активисти со Законот за спречување и заштита од дискриминација и модалитетите како и како да се поднесе претставка за дискриминација. Намерата на оваа обука беше учесниците да подготвуваат  и да поднесуваат содржински добри претставки за сторени акти од дискриминација кон Ромите. Предвидени се и следни обуки и формирање на мрежа помеѓу граѓанските организации.