Активистките на Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари беа дел од првиот координатвен состанок во врска со програмата #ГаранцијаЗаМлади до успешна кариера.
Програмата #ГаранцијаЗаМлади е наменета за млади лица на возраст од 18 до 29 години, кои не се вработени, ниту вклучени во образование или обука.
Со приклучување кон #ГаранцијаЗаМлади, младите лица можат да:
🔹 Добијат соодветни понуди за работа
🔹 Го продолжат нивното образование
🔹 Учествуваат во активните програми и мерки за вработување.
Нашите активистки во следниот период ќе Ве информираат за подетални информации за тоа како младите лица може да бидат дел од Гаранцијата за млади како и за достапните програми за поддршка на младите.