Не викна докторот од Поликлиника „Интергин“ во Шуто Оразари и  ни кажа имало некоја жена која што се наоѓа пред нивните порти и се наоѓа во многу лоша здравствена состојба. Жената нема каде да оди поради тоа што нејзините роднини не ја примаат дома и таа веќе неколку дена е на улица.

На почетокот ние се јавивме во Центар за социјални работи – Шуто Оризари и им ја објаснивме ситуацијата на жената а од таму добивме договор дека таа не е корисник на социјални услуги и токму поради тоа тоа: НЕ Е ВО НИВНА НАДЛЕЖНОСТ.

Се јавивме во Полициско одделение – Шуто Оризар ни кажаа НЕ МОЖАТ ДА И ПОМОГНАТ НИКАКО,  и дека ние како невладина организација да и помогнеме некако.

Потоа се  јавивме во пунктот за бездомници – Црвен крст но и од таму не добивме помош, туку само одговор дека  НЕМААТ ПОСТОЈАН ПРЕСТОЈ ОСВЕН ВО ЕКСТРЕМНИ ЛОШИ ВРЕМЕНСКИ УСЛОВИ.

Претходно цело време заедно со Поликлиника „Интергин“ повикувавме „Итна помош“, но ни спуштаа телефон, а кога го креваа телефонот се караа со нас!

Повеќе од еден час брзата помош не доаѓа, а на жената уште повеќе и се влошува и се отежнува говорот и неколку пати ја губи свеста!!!

Во меѓувреме, бидејќи никој не реагира од итната помош да испратат возило се обидуваме телефонски да пријавиме во Државен Здравствен и Санитарен Инспекторат каде што никој не се јавува! За среќа по еден час и половина, од Брзата помош пристигна возило и ја земаа жената за да ја носат во Воена Болница.

За жал надлежните институции не реагираат и покрај тоа што е  работен ден и работно време. Од тука ги прашуваме Министерството за здравство, Министерство за внатрешни работи и Министерство за труд и социјална политика ЗАРЕМ ТРЕБА ДА ИМА ЖРТВИ ЗА ДА РЕАГИРААТ ОРГАНИТЕ КОИ СЕ ВО РАМКИ НА НИВНА НАДЛЕЖНОСТ?!

До кога ќе не игнорирате во сопствената држава???

Најавуваме дека во наредните денови ќе поднесеме соодветни претставки до сите институции како правен механизам!